Достапни линкови

Вељановски на Конференција на Парламентите на ЕУ


Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска ќе учествува на Конференцијата на претседатели на парламенти на државите членки на Европската унија, што се одржува во Стокхолм, Шведска.
Како што се наведува во соопштението, претседателот Вељаноски ќе учествува на сесиите „Лисабонскиот договор и меѓупарламентарната соработка“ и „Новите технологии и комуникации – предизвици за парламентите”.
Во текот на конференцијата претседателот Вељаноски ќе оствари билатерални средби со претседатели на парламенти, а ќе учествува и на приемот организиран од претседателот на парламентот на Шведска и на аудиенцијата на Нивното Височество Кралот Карл 16-ти Густаф и Кралицата Силвија.
XS
SM
MD
LG