Достапни линкови

Претепан , па застрелан руски претседателски советник


Mаскирани напаѓачи, на смрт го претепале па го застрелале помошникот на претседателот на руската република Карачаево-Черкезија. Руските новински агенции јавија дека тројца мажи го претепале претседателскиот помошник Фрал Шебзухов со нешто што личело на безбол палки, а потоа го застрелале. Претседателот на републиката која е дел од руската федерација, Борис Ебзејев изјави дека е убеден дека убиството е политички мотивирано. Малата руска република до сега беше „остров на стабилноста“ во инаку немирниот регион на јужна Русија.
XS
SM
MD
LG