Достапни линкови

Британскиот секретар за надворешни работи во посета на Вашингтон


Новиот британски секретар за надворешни работи Вилијам Хејг, утре ќе отпатува за Вашингтон, на разговори со американскиот државниот секретар, Хилари Клинтон, соопштуваат од министерството за надворешни работи на Британија. Во вторникот Хаг изјави дека новата британската влада сака да има солиден, но не и поданички однос со Соединетите држави, притоа нагласувајќи ја важноста на врските меѓу двете земји. Американскиот претседател Барак Обама беше еден од првите кој му се јави на новиот Премиер Камерон откако тој ја презеде функцијата во вторникот.
XS
SM
MD
LG