Достапни линкови

Кина и САД разговараа за санкциите против Иран


Американскиот Стејт Департмент соопшти дека Државниот секретар Хилари Клинтон и кинеските официјални претставници постигнале „ добар напредок“ во преговорите за нови санкции на Обединетите Нации за Иран поради контрадикторната нуклеарна програма. Потпаролот на Стејт Департментот Филип Кроули вели дека Клинтон и Кинескиот државниот советник Даи Бингуоа во телефонскиот разговор кој траел повеќе од еден час зборувале за состојбите во Иран и Северна Кореја. Потпаролот изјави дека и двете земји се договориле да продолжат да работата на решавање на преостанатите прашања од четвртата рунда на санкции за Иранската Влада.Иран и понатаму тврди дека нуклераната програма е за цивилни цели.
XS
SM
MD
LG