Достапни линкови

Бомбашки напади во Ирак


Најмалку седум луѓе загинале, а повеќе од 20 се повредени во експлозија на автомобил-бомба во шиитската област Садр Сити , во ирачкиот главен град , Багдад. Ексползијата се случила во близина на едно кафуле во област каде излегувале млади луѓе. Експлозијата доаѓа на само два дена по серијата експлозии во Ирак во кои повеќе од 110 луѓе беа убиени и стотици други беа повредени. Постои сомневање дека зад експлозиите стојат милитанти на Ал-Каеда. Серија напади наводно се последица на убиството на лидерот на Ал Каеда во Ирак во заедничка американско-ирачката операција во април.


XS
SM
MD
LG