Достапни линкови

logo-print

Камерон почна со планирање на владиниот состав


Новоизбраниот премиер Дејвид Камерон денеска почна да го планира новиот состав на британската влада. Неговата победа која се официјализираше вчера го означи крајот на 13 годишната опозициска улога на Конзервативната партија во Обединетото Кралство. На 43 годишна возраст, Камерон е најмладиот премиер во земјата во изминативе 200 години. Новоназначениот премиер денеска го најави коалицирањето на неговата партија со Либерал Демократите, кои се трети по бројот на освоени гласови на изборите. „И двете партии во целост го подржаа коалицискиот договор. Составена е Либерално – Демократско – Конзервативна коалиција за која се договоривме. Ова е прва коалициска влада во Британија во изминативе 65 години“ рече Камерон. Предвиденио е лидерот на либералите Ник Клег да ја извршува функцијата вицепремиер. Инаку, вчера Гродон Браун поднесе оставка од премиерската функција. Неговата Лабуристичка партија, која на изборите е втора по бројот на освоени гласови беше на власт од 1997 година.
XS
SM
MD
LG