Достапни линкови

ММФ: Македонија се опоравува од економската криза


Македонија се опоравува од економската криза, а главен предизвик во иднина е приватниот сектор да биде главен извор на економскиот раст, оценува Меѓународниот монетарен фонд во извештајот за регионалните економски перспективи за Европа, што беше презентиран денеска во Скопје. „Опоравувањето се одвива скромно. По минатогодишниот пад од 0,7 проценти на БДП на Македонија за оваа година предвидуваме дека растот ќе биде 2 проценти. Најлошото од кризата е зад нас, одиме напред и гледаме раст повторно, што претставува предизвик за политиката“ изјави Александар Тиеман, постојан претставник на Меѓународниот монетарен фонд за Македонија. Според ММФ фискалната и монетарната политика на Македонија се поволни.
XS
SM
MD
LG