Достапни линкови

Карзаи ќе се сретне со Обама


Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи денеска ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама во Вашингтон. Двајцата лидери би требало да разговараат за зајакнувањето на соработката меѓу двете земји. Претходно, американскиот државен секретар Хилари Клинтон и секретарот за одбрана Роберт Гејтс разговараа со петставници на авганистанската делегација. Соединетите американски држави нема да се откажат од Авганистан, изјави Клинтон по разговорите.
XS
SM
MD
LG