Достапни линкови

Предлози на ЕК за избегнување на криза слична на грчката


Европската Комисија денеска ги повика владите во еврозоната да дискутираат за своите буџетски планови со другите земји членки на Европската унија, пред да ги усвојат буџетите во своите парламенти. Ова е само еден од неколкуте предлози на Комисијата наменети за избегнување на слична криза како грчката, која ја растресе еврозоната и ја девалвираше заедничката валута. Меѓу другото, се предлага и воспоставување на таканаречен механизам за перманентно справување со кризи кои би го заменил фондот од 750 милијарди евра кој се користи за помош на државите во еврозоната кои заглавуваат со долгови.
XS
SM
MD
LG