Достапни линкови

Медведев разговара за изградбата на нуклеарка во Турција


Рускиот претседател Димитриј Медведев денеска е во Анкара каде со турските власти би требало да разговара за инволвираноста на официјална Москва во изградбата на првата нуклеарна централа во Турција. Медведев разговараше со неговиот турски колега Абдула Гул и се очекува денеска, заедно со премиерот Реџеп Таип Ердоган да го координира првиот состанок на советот за руско – турска соработка. Според официјални извори, русија и турција денеска ќе потпишат повеќе од 20 документи за соработка, вклучувајки и договори за гас и нафта.
XS
SM
MD
LG