Достапни линкови

Кривична постапка против Јулија Тимошенко


Украинските власти покренаа кривична постапка за корупциски скандал во кој наводно бил инволвиран поранешниот премиер Јулија Тимошенко. Таа денеска беше повикана на разговор во канцеларијата на јавниот обвинител каде добила и копија од наредбата за повторно отворање на истрагата за скандалот, која започна во 2004 а беше затворена во 2005 година. Ваквиот потег е обид за политичка репресија, смета Тимошенко, лидерот на најголемата про-западна опозициска партија во Украина.
XS
SM
MD
LG