Достапни линкови

Четири лица загинаа во престрелка кај Радуша


Изрешетаното комбе од инцидентот кај Радуша

Изрешетаното комбе од инцидентот кај Радуша

Оружена престрелка меѓу полициска патрола и криминална група се случила во текот на изминатата ноќ во близина на селото Радуша на македонско косовската граница, при што загинале четворица членови на групата, ни потврдија од министерството за внатрешни работи. Од таму велат дека во акцијата било запленето и оружје, но другите детали и информации најавија дека ќе ги објават подоцна на прес конференција.

Според информациите кои ги објавија агенциите, повикувајќи се на полициски извори, припадници на полицијата околу три часот утринава на патот кај селотото го пресретнала комбето на криминалната група која шверцувала оружје и на наредбата комбето да застане, лицата во него почнале да пукаат кон полицијата. Во престрелката нема повредени полицајци.

Инаку, пред две недели македонската полиција на граничниот реон кон Косово на 3 километри од скопско Блаце пронајде четири складишта со фрлачи, ракети, бомби, експлозив, и друга воена опрема. Истиот ден косовската полиција уапси 7 лица за нелегална трговија со оружје, за кои тогаш имаше информации дека станува збор за истата група која ги обезбедувала складиштата со оружје во околината на Блаце.
Запленетото оружје кај Радуша

Во врска со инцидентите што се случуваат во последно време, амбасадорот на ОбСЕ во земјава Хозе Луис Хереро во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека не постои опасност денес да се повтори 2001 година, или барем не во истиот формат, бидејќи насилството нема да му помогне никому. Тие што сметаат дека ќе постигнат на ваков начин нешто, како што изјави тој ќе бидат осудени од меѓународната заедница.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Ваше мислење

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG