Достапни линкови

НБА го продава Њу Џерси Нетс на русинот Прохоров


Советот на гувернери на американската кошаркарска ацоцијација НБА ја одобри продажбата на клубот Њу Џерси Нетс на рускиот милијардер Михаел Прохоров. Со оваа одлука најбогатиот човек во Русија станува прв човек надвор од Соединетите држави и Канада кој ќе поседува еден тим од НБА. Прохоров во минатата година се согласи да купи 80 насто од Нетс и 45 проценти од проектот за изградба на нов стадион во Бруклин во Њујорк за потребите на клубот. Нетс во оваа сезона беше еден од најлошите тимови со 70 загубени мечеви.
XS
SM
MD
LG