Достапни линкови

Четворица загинати во престрелката кај Радуша


Во близина на село Радуша кај македонско косовската граница во текот на изминатата ноќ, како што изјави портпаролот на МВР Иво Котевски, дошло до престрелка меѓу полицијата и вооружена група при што имало четворица загинати. Имено, по претходно добиени сознанија, синоќа на патот кај село Радуша, полицијата во заседа дочекала комбе во кое се шверцувало оружје. На наредбата на полицијата комбето да застане, лицата во него почнале да пукаат. Во престрелката немало повредени полицајци. Пред две недели македонската полиција на граничниот реон кон Косово на 3 километри од скопско Блаце пронајде четири складишта со фрлачи, ракети, бомби и експлозив.
XS
SM
MD
LG