Достапни линкови

Северна Кореа извела нуклеарна фузија


Северна Кореа успеа да изведе нуклеарна фузија и оствари значаен пробив во развојот на својата нуклеарна технологија, објави денеска весникот на владејачката комунистичка партија Родонг Синмун. Во веста се прецизира дека нуклеарните реактори кои работат на фузија произведуваат помалку радиоактивен отпад од фисијата која се корсити во конвенционалните реактори. Соединетите држави и други земји веќе неколку децении експериментираат со фузијата, но досега не успеале да ја развијат доволно за да можат да произведуваат енергија.
XS
SM
MD
LG