Достапни линкови

Прилепски Еурокомпозит ќе се продава


Macedonia - City center, Prilep, 8Mar2009
Macedonia - City center, Prilep, 8Mar2009

Единствената фабрика за наменско производство за потребите на одбраната и безбедноста на државата, Еурокомпозит од Прилеп, овој месец ќе се продава на тендер. Работниците се плашат за својата иднина, раководството тврди дека нема причина за стравување.

Капиталот на фабриката кој што е целосно во рацете на државата со 3500 акции е проценет на 17,5 милиони евра.

Најавената продажба на фабриката предизвика страв кај вработените. Синдикатот се уште не изградил став за тоа како ќе ги штити правата на околу 470 вработени пред стратегискиот инвеститор, кој ќе стане нов газда на фирмата.

Но, менаџерскиот тим смирува дека при продажбата ќе се води сметка сите работници да бидат адекватно згрижени.


„Претставниците од Владата неколку пати нагласија дека социјалниот елемент во сето ова ќе биде на прво место“, вели директорот Никола Лучески.

Откако државата им ги исплати заостанатите придонеси за период од скоро 6 години, на вработените редовно им се исплаќаат плати со придонеси, иако фирмата се соочува со многу проблеми.

„Проблеми има многу во фирмата, застарен технолошки парк, висока старосна структура на вработените, изгубени поранешни пазари и така натаму, али со многу труд и напор мислам дека сето тоа ќе се надмине.“

Проблеми има многу во фирмата, но со многу труд и напор мислам дека тоа ќе се надмине.

Менаџерите тврдат дека компанијата е финансиски консолидирана, иако сметката ќе остане блокирана се до крајот на јуни, кога конечно треба да се исплати долгот од околу 100.000 евра кон Еуротрејд, една од фирмите-ќерки на поранешен Еуроинвест 11 Октомври.

Потпишан е договор со Министерството за одбрана, а се очекува да се потпише и договор со МВР. А, за прв пат е реализиран и извоз на воена опрема.

„Во минатогодишните продажби на фирмата не се случило да серии од воена опрема се продадат на странски држави. Тоа во оваа година го постигнавме, значи една серија воена опрема продадовме за Грција, сега потпишавме договор за продажба на воена

Една серија воена опрема продадовме за Грција, сега потпишавме договор за продажба на воена опрема за Босна, заедно со нашите претставници во Словенија, Хрватска да учествуваме на нивните тендери во полиција и војска.

опрема за Босна, заедно со нашите претставници во Словенија, Хрватска да учествуваме на нивните тендери во полиција и војска“, истакнува Лучески.

Во моментов е искористен до 70 отсто од расположливиот капацитет на фабриката. Но, сепак, како што тврди генералниот менаџер, оваа 2010 година финансиски ќе биде многу подобра во однос на претходната, па се очекува позитивна завршница со добивка.

Тоа го забележале и многу странски компании од Израел, Америка и Бугарија кои покажале голем интерес и се почесто ја посетуваат оваа фабрика за производство на воена опрема.

Се на се, велат менаџерите, не само што нема да се остварат црните сценарија за фабриката кои беа прогнозирани со години, туку напротив фабриката финансиски консолидирана и со новоотворени странски пазари ги има сите адути за успешен настап при продажбата со потенцијалните стратегиски партнери.

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG