Достапни линкови

logo-print

Седум деца убиени во нов напад во градинка во Кина


Седум деца биле убиени, додека 20 други ранети во уште еден напад во една градинка во северно кинеската провинција Шанхси, јави државната новинска агенција Хсинхуа. Се наведува дека децата биле избодени до смрт, но никакви други детали не се соопштени за нападот што се случил изутрината. Овој напад е последен во серијата слични врз училишта и градинки во Кина.
XS
SM
MD
LG