Достапни линкови

Дејвид Камерон е нов британски премиер


Лидерот на конзервативците Дејвид Камерон стана најмладиот британски премиер во последните 200 години, откако досегашниот шеф на владата Гордон Браун поднесе оставка по 13 години владеење на лабуристите. Браун синоќа ја поднесе оставката до кралицата Елизабета Втора, а веднаш потоа во Бакингемската палата пристигна 43- годишниот Камерон и од кралицата доби одобрение да формира нова влада. Како што јавуваат британските агенции, конзервативците, кои освоија најмногу гласови на минатонеделните избори, постигнале договор за коалиција со третопласираните либералдемократи. Во идната влада лидерот на либералдемократите Ник Клег ќе биде вицепремиер, а шеф на дипломатијата Вилијам Хејг од конзервативната партија.
XS
SM
MD
LG