Достапни линкови

Серж Брамерц во Белград


Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц денеска ќе допатува во дводневна посета на Белград. За време на престојот тој ќе се сретне со српскиот претседател Борис Тадиќ, со шефот на Националниот совет за соработка со Трибуналот Расим Љаиќ, со обвинителот за воени злосторства Владимир Вукчевиќ и со други претставници на акциониот тим кои трагаат по хашките бегалци. Посетата на Брамерц е во рамките на подготовките за поднесување на редовниот полугодишен извештај до Советот за безбедност на ОН, во кој се оценува соработката на Србија со Трибуналот.
XS
SM
MD
LG