Достапни линкови

Времето ќе биде сончево, попладне нестабилно


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Попладне, особено во источните делови, е можна локална нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Утринската температура се движи од седум до 13, а дневната ќе биде од 22 до 29 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 27 степени.
XS
SM
MD
LG