Достапни линкови

Труени ученички во Авганистан


Авганистанските власти соопштија дека триесетина ученички биле хоспитализирани денеска поради труење со гас, последен од серија вакви инциденти низ целата земја. Во градот Кундуз биле хоспитализирани 30 деца а во Кабул шест ученички биле примени во болница со симптоми на труење. „Три мои соученички се онесвестија во училницата. Нашата наставничка ни рече да излеземе. Јас гледав во таблата и одеднаш ме заболеа очите и ми се слоши. И јас се онесвестив. Не се сеќавам на ништо после тоа“ го опишува инцидентот една од ученичките, која вели дека видела тројца мажи облечени во црно како влегуваат во училиштето. Во изминатиов период се зачестија труењата на ученички во Авганистан, наводно поради тоа што според традиционалните вредности, жените не треба да се школуваат.
XS
SM
MD
LG