Достапни линкови

Грција ја побара првата рата помош


Грчката влада денеска ја побара првата рата од пакетот помош за спас од задолженоста. Властите во Атина побараа 20 милијарди од предвидените 110 милијарди евра кои Унијата и Меѓународниот Монетарен фонд ќе ги исплаќаат во рок од три години. Барањето на грчките власти следи по имплементацијата на мерките за штедење, кои предизвикуваат немири во Грција. Жителите на земјата, за која се смета дека има рекорден долг во еврозоната, се исплашени дека новите мерки ќе ги зголемат даноците и ќе ги намалат социјалните примања.
XS
SM
MD
LG