Достапни линкови

logo-print

Македонија е подготвена за преговори со ЕУ, вели Милошоски


Република Македонија е целосно подготвена да ги почне пристапните преговори за членство во Европската унија. Имаме позитивен извештај и препорака од Европската комисија минатата година. Се надеваме дека до крајот на шпанското претседателство ќе биде одреден датум за почеток на преговорите. Ова го изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во Палатата на Европа во Стразбур на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд. Советот на Европа, со своите стандарди и вредности придонесува за зголемување на капацитетите на Македонија и на другите земји кандидати за исполнување на критериумите за членство во ЕУ, рече Милошоски.
XS
SM
MD
LG