Достапни линкови

Повеќе од педесетмина загинати во рускиот рудник


Бројот на загинати во рударската несреќа во сибирскиот рудник за јаглен се искачи на 52 лица, соопштија руските спасувачки екипи. Дванаесетмина работници и понатаму се водат како исчезнати. Премиерот Владимир Путин денеска отпатува на местото на несреќата. Повеќе од 350 рудари се наоѓале во рудникот кога се случиле експлозиите во саботата вечер. Многумина успеале да избегаат, но при втората експлозија во окното биле затрупани и членови на спасувачките екипи. Инаку, рудникот Распадскаја се смета за најголем коп на јаглен во Русија.
XS
SM
MD
LG