Достапни линкови

logo-print

САД не се откажува од Авганистан


Официјален Вашингтон има долгорочна посветеност кон Кабул и двете земји може да не се согласуваат без да ги прекинат односите, рече денеска американскиот државен секретар Хилари Клинтон. Таа додаде дека САД нема да се откажат од Авганистан во рамките на првата отворена дискусија за состојбите во земјата. Разговорите меѓу претставниците на двете земји би требало да се фокусираат на загриженоста на авганистанските власти за цивилните жртви при воените офанзиви против талибанските милитанти. Претседателот Хамид Карзаи вчера ја почна четиридневната посета на Вашингтон. Предвидено е првиот човек на Авганистан да се сретне со американскиот претседател Барак Обама
XS
SM
MD
LG