Достапни линкови

Затворени 172 НВО во Авганистан


Авганистанската влада денеска соопшти дека распуштил 152 невладини организации и 20 оргханизации за меѓународна помош поради малверзации. Во соопштение од Министерството за економија се наведува дека лиценците на организациите им биле одземени поради три причини: некои поради наводни малверзации, други поради тоа што немале буџет а трети сами побарале да ги затворат канцелариите. Инаку, АВганистанската влада во изминатиов период се соочува со зголемен притисок за намалување на корупцијата. Десетици милијарди американски долари, исплатени во форма на странска помош по Американската инвазија во 2001, исчезнале во земјата.
XS
SM
MD
LG