Достапни линкови

Протести во Украина


Околу 2.000 подржувачи на украинската про-западна опозициска коалиција денеска протестираат пред зградата на парламентот. Демонстрантите, кои се појавија со транспаренти на кои пишува „Јанукович, престани да ја продаваш Украина“, го изразуваат незадоволството од возобновувањето на украинските врски со Русија. Контра-протест организираат и илјадници подржувачи на претседателот. Околу 1.000 полицајци се обидуваат да ги раздвојат двете спротиставени групи. Протестите против власта ги подржа Јулија Тимошенко, поранешен премиер и прва жена на најголемата опозициска партија. Немирите се мотивирани од потпишаниот договор меѓу Русија и Украина, согласно кој на руската флота и се продолжува престојот на украинска територија во замена за поефтин руски гас.
XS
SM
MD
LG