Достапни линкови

Пораст на цените на индустриските производи во Македонија


Продажните цени на индустриските производи на домашниот пазар во април годинава во однос на април лани се зголемени за 10,5 насто, соопшти Државниот завод за статистика.
Зголемувањето се должи, пред се, на повисоките цени во групата „енергија“ за 29,6 проценти, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 2,1 процент и „капитални производи“ за 0,3 проценти.
Во секторот „преработувачка индустрија“ цените се зголемиле за 11,2 проценти, а во „снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и топла вода“ за 7,7 проценти.
XS
SM
MD
LG