Достапни линкови

Источното Партнерство без резултат


 Самит на ЕУ - Источно Партнерство, 07 Maј 2009 во Прага
Самит на ЕУ - Источно Партнерство, 07 Maј 2009 во Прага

Нешто повеќе од една година од основањето на таканареченото Источно Партнерство на ЕУ, тоа е далеку од успешен проект. ЕУ, за да успее да го реформира своето источно соседство, треба многу повеке да се ангажира, смета Ендрју Вилсон од Европскиот совет за надворешни односи во Лондон.

На самитот што се одржа во Прага на 7 мај 2009 година имаше ветувања и големи очекувања. Следниот состанок на ЕУ и земјите партнери: Украина, Белорусија, Молдавија, Грузија, Ерменија и Азербејџан се одржа во декември. Но, од тогаш, продлабочувањето на економските проблеми како да го стивнаа процесот. Наменет да обезбеди регионално, мултилатерална димензија на европска политика за добрососедство, Источното партнерство не даде видливи вредности ниту за ЕУ, ниту за самите држави. Главниот пат за контакти и соработка се уште се води преку друг канал, - преку договорите за асоцијација меѓу секоја од земјите и ЕУ.
Во меѓувреме, некои работи се променија. Украина и Грузија стануваат се повеќе своеволни. Со новиот претседател, Виктор Јанукович, Украина ги засилува врските со Русија, кои пак ја спречуваат во натамошното приближување кон Запад. Бриселскиот дописник на Радио Слободна Европа Ахто Лобјакас разговараше со Ендрју Вилсон од Европскиот совет за надворешни односи во Лондон.

Источно Партнерство една година од основањето
Само по себе тоа е вредна политика, но беше претекната од настаните.

„Па, само по себе дека тоа е вредна политика. Но, таа беше претекната од настаните. Светската економска криза имаше големо влијание врз регионот. На Русија се гледа како на обезбедување на финансиска помош. ЕУ дава помош, но во Источното Партнерството е невидлива“, вели Вилсон.

ЕУ, во потрага по регионалната стабилност, се обидува да ги потикне реформите на исток, но тоа бара поголем политички ангажман. Унијата тоа не го обезбеди, вели Вилсон, кој на прашањето дали е реално да им се каже на овие земји дека тие не треба да бираат меѓу Унијата и Русија вели:
Бившиот украински Претседател Виктор Јушченко и германскиот канцелар Ангела Меркел во Прага на 07 Maј 2009

„Ние би сакале тие да не мора да избираат меѓу двете работи, во однос на надворешната политика, или, според културниот афинитет. Ние сакаме тие да го изберат Европскиот модел, критериумите од Копенхаген за пристапување во ЕУ.“

Вилсон смета дека со длабоки и сеопфатни договори за слободна трговија и за визна либерализација може да се направи значителна разлика во економиите во регионот што ке биде од корист на Европската Унија. Европската Унија, вели Ендрју Вилсон од Европскиот совет за надворешни односи во Лондон, треба да понуди појасна перспектива и тогаш можеби овие општества ќе се реформираат повеќе.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG