Достапни линкови

Министерски состанок за Авганистан


Министерот за одбрана Зоран Коњановски, придружуван од заменик-началникот на Генералштабот на АРМ, генерал - мајор Насер Сејдими од вчера престојува во Берлин каде што денеска ќе учествува на првиот неформален состанок на министрите за одбрана на земјите кои придонесуваат во Регионалната Команда Север, во мисијата ИСАФ. Здружените напори во претстојните 12-18 месеци во Авганистан, со цел утврдување на силите и средствата неопходни за мисијата во насока на пренесување на одговорноста на авганистанските безбедносни сили, чекор по чекор, во одреден број на региони на крајот на 2010 и почетокот на 2011 година, се темите на кои ќе се дискутира на состанокот.
XS
SM
MD
LG