Достапни линкови

logo-print

Зголемени безбедносни мерки во Ирак


Ирачките безбедносни сили го зголемија степенот на готовност по серијата бомбашки и други напади во кои загинаа над 100 луѓе а 350 беа ранети. Поради овие напади вчерашниот ден беше најкрвавиот во последните неколку години во Ирак, а најсмртоносниот инцидент се случи во градот Хила каде што со три автомобили бомби беше погодена текстилна фабрика. САД ги осудија насилствата оценувајќи дека нападите нема да имаат капацитет да ја нарушат довербата на ирачките граѓани кои тие ја демонстрираат спрема ирачката влада и ирачките безбедносни сили.
XS
SM
MD
LG