Достапни линкови

Најавени нови протести во Атина


Две грчки синдикални организации најавија нови протести во Атина во среда, на 12 Мај. Причина за протестите се, како што соопштуваат од организациите, неферските и строгите владини мерки за штедење. Мерките се воведуваат како предуслов за добивање на пакет помош тежок 110 милијарди евра европски пари за спас на грчката економија од задолженост. Жителите на Грција, пак, се плашат дека со воведувањето на мерките, меѓу другото, ќе се зголемат давачките кон државата и ќе се намалат пензиите.
XS
SM
MD
LG