Достапни линкови

Престрелка во Пакистан, 39 загинати


Деветмина војници и триесетмина талибански милитанти загинале во воени судири денеска во Пакистан, соопштија властите. Престрелката се случила во регионот Орказаи. Станува збор за една од најголемите битки на пакистанските воени сили од почетокот на офанзивите против милитантите пред два месеци. Полуавтономниот племенски регион се претвори во засолниште за талибанците кои пред не повеќе од една година избегаа од областа во близина на авганистанската граница.
XS
SM
MD
LG