Достапни линкови

logo-print

Непоправливо оштетување на природните средини


Масовното уништување на природните средини може да се претвори во иреверзибилен процес, предупредија денеска од Обединетите нации. Во извештајот на светската организација се наведува дека состојбите се придвижуваат кон неколку „клучни точки“ по кои одредени екосистеми ќе претрпат непоправливи штети. Во третиот извештај на ОН за перспективите на глобалниот биодиверзитет се наведува дека најголемите закани за ранливите екосистеми се загадувањето, шумската сеча и претераната експлоатација на природни ресурси.
XS
SM
MD
LG