Достапни линкови

logo-print

Груевски: Македонското претседателство е значајно за имиџот на земјата


Утрешното преземање на претседателствувањето со Советот на Европа, за Република Македонија е исклучително значаен настан во надворешната политика оваа година и можност за промоција, остварување одредени стратегии, но и унапредување на имиџот на земјата, смета премиерот Никола Груевски. „ Се надевам и цврсто верувам дека ќе имаме одлично претседателство, дека ќе оставиме одличен впечаток и ќе бидеме пример за сите понатаму кои ќе претседателствуваат со оваа институција“ рече Груевски. Тој додаде дека за време на македонското претседателство, дискусиите ќе бидат фокусирани на човековите права улогата и учеството на младите во политичкиот и демократскиот живот. Република Македонија утре го презема претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа. Претседавањето што се одвива по ротирачки редослед Македонија го наследува од Швајцарија, а по шест месеци ќе и го предаде на Турција.
XS
SM
MD
LG