Достапни линкови

logo-print

Иран им даде рок на „Шел“ и „Респол“


Иранските власти им дале рок од две недели на компаниите „Шел“ и „Респол“ да се одлучат за договорите за инвестиции во изворите на природен гас. Во спротивно, како што јави новинската агенција „Мер“, холандската „Шел“ и шпанската „Респол“ ќе бидат заменети со ирански компании. Двете компании ги одлагаа плановите за инвестирање во Иран поради најавите на западните земји за нови санкции против официјален Техеран поради иранската нуклеарна програма. Американската влада претходно ги има опоменувано „Шел“ и „Респол“ за состојбите во исламската република.
XS
SM
MD
LG