Достапни линкови

Протести на Албанците


Протест на албанските невладини организации

Протест на албанските невладини организации

Околу 45 албански невладини организации протестираа во Скопје. Нивните барања се од ослободување на, според нив, невино осудените во случаите Сопот и Бродец, преку барања хашките случаи да не се отвораат во македонските судови, па се до прекинување на, како што велат, дискриминаторските политики против Албанците.

Ваљон Куртиши од организацијата Илирикум Либертас вели дека моментот на протестот не е темпиран.

„Мислиме дека е еден сензитивен момент, има преговори со Грција околу името, преговори со ЕУ, НАТО итн. Притисоците од страна на Никола Груевски и оваа националистичка влада изледа дека може да делуваат дестабилизирачки, но ние сме сигурни дека нема да има такво нешто. Протестот е мирен, на мирни граѓани, граѓански сектор во Македонија. Ова ќе делува за стабилизација на земјата, за да ги видиме отворените прашања што ги имаме пред нас и да ги решаваме. Ако ги криеме, нема да се најде решение за тие проблеми.“

Протестот на невладините организации го подржуваат Нова демократија, Демократксата унија на Албанците на Бардуљ Мамути и Нови демократски сили на Хисни Шаќири. Во владејачката ДУИ велат дека ќе почекаат да заврши протестот па потоа ќе коментираат.

Висар Рамадани од Нова демократија вели дека тие ги подржуваат сите точки од барањето на невладините организации.
Сметаме дека секое демократско изразување на незадоволството е израз на демократија и затоа сметаме дека овие протести би можеле да влијаат на владата да престане со ваквата погубна политика.


Протести на албанските невладини организации
„Сметаме дека секое демократско изразување на незадоволството е израз на демократија и затоа сметаме дека овие протести би можеле да влијаат на владата да престане со ваквата погубна политика.“

Професор Мирјана Малевска смета дека меѓуетничките односи се влошени.

„Тоа влошување се должи на една политика која многу води сметка за својата нација, а тоа во една мултиетничка држава е секогаш извор на конфликти и незадоволство на другата етничка заедница или другите етнички заедници кои се чувствуваат маргинализирани.“



Малевска посочува дека Албанците се дел од власта и можат да ги артикулираат своите интереси преку институциите.

„Очигледно тоа не е доволно, треба многу повеќе за да функционира едно мулти етничко општество. Потребно е многу внимателност, многу умереност, потребно е работа посветена на градење мултиетничко општество.“



Протестниот марш тргна пред Судската палата. Продолжи пред Собранието и Владата за повторно, мирно да заврши пред Судската палата.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG