Достапни линкови

logo-print

Главно вака политичките партии ја толкуваат изјавата на министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски која почетокот на преговорите го доведува во прашање што се однесува до очекуваниот јунски рок кога завршува шпанското претседателство. Милошоски рече дека очекува подобра атмосфера за старт за време на претседавањето со Унијата од Унгарија и Полска во 2011.

„Не би рекол дека е добра алтернатива и добра варијанта да се пролонгира датумот за почеток на преговори за членство во ЕУ. Времето
Времето тече, а Македонија што побргу треба да биде членка на ЕУ и НАТО. Тоа го очекуваат граѓаните, тоа е ставот на сите релевантни партии во
Македонија.
тече, а Македонија што побргу треба да биде членка на ЕУ и НАТО. Тоа го очекуваат граѓаните, тоа е ставот на сите релевантни партии во Република Македонија.“

Вака Тахир Хани од ДУИ ја коментира изјавата на министерот Милошоски. За најголемата партија од опозицијата изјавите на министерот за внатрешни работи се веќе подолго време контрадикторини и според тоа немаат големо значење.

Андреј Петров
„Изјавите кои ги дава се често сосема спротивни една на друга, како и македонската надворешна политика“, изјави Андреј Петров од СДСМ.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ коментира дека изјавата на министерот, партиите ја протолкувале еднострано и дека таа никако не значи откажување од јунскиот рок и добивањето датум за преговори оваа година.

„Апсолутно не сме се откажале за време на шпанското претседателство да се бориме да добиеме датум за почеток на преговори. Мислам дека министерот Милошоски повеќе тоа го изјави во контекст на севкупните преговори што треба да ги води Република Македонија“,
вели Петар Поп Арсов од ВМРО-ДПМНЕ.

Аналитичарот Петар Арсовски вели дека и покрај ваквите изјави отворени се сите сценарија. Датумот да се добие и до крајот на јуни и до ноември до самитот на НАТО како и дека на јавноста никако не треба да и се нудат алтернативни сценарија зошто во крајна линија се ќе зависи само од исходот од решавањето на прашањето за името.

„Нашиот државен врв, а и ние како граѓани, треба да расчистиме со една дилема, а тоа е дека наклонетоста на другите членки од ЕУ има некаква врска со ветото на Грција. Ние грчкото вето можеме или не можеме да го очекуваме е исклучиво врзано со решавањето на спорот со името. Така што илузорно е да се размислува дека ќе постојат некои околности по кои ние тоа прашање ќе можеме да го заобиколиме.“

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG