Достапни линкови

Откриена масовна гробница во јужна Србија


Масовна гробница со останки од околу 250 косовски Албанци убиени за време на конфликтот кон крајот на деведесетите години е откриена во јужниот дел од Србија, изјави српскиот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ, додавајќи дека гробницата била откриена во соработка со мисијата Еулекс. Масовната гробница е во близина на Рашка, во југозападниот дел од Србија, а ексхумацијата треба да почне наскоро. Останки на 830 жртви, косовски Албанци беа откриени во 2001 година на три места во Србија.
XS
SM
MD
LG