Достапни линкови

Најмалку 30 загинати во рударска несреќа во Русија


Бројот на загинатите во две експлозии на метан во еден од најголемите руски рудници за јаглен, како што јавуваат агенциите, се покачил на 30. Министерот за вонредни ситуации Сергеј Шојгу изјави дека се уште не е позната судбината на другите 60 рудари за кои се верува дека останале заробени во тунелите на рудникот Распадскаја на Сибир. Околу 300 рудари успеале да го напуштат рудникот веднаш по експлозиите на метанот.
XS
SM
MD
LG