Достапни линкови

ЕУ и ММФ го спасуваат еврото


Министрите за финансии на земјите членки на Европската Унија, денеска се согласиле да формираат фонд за заштита на еврото, тежок 750 милијарди евра. Земјите членки на евро-зоната ќе дадат 440 милијарди евра , ЕУ 60, а ММФ, 250 милијарди евра. Заклучокот го донеле на почетокот на дводневниот состанок на кој се дискутира за заштита на евро-зоната. На ваков чекор се одлучија по тешкотиите во кои западна зоната и падот на еврото како последица на финансиската криза во Грција. Комесарот на ЕУ за економски и монетарни работи, Оли Рен, изјави дека кризниот план покажува дека ЕУ е решена да го брани еврото од девалвација. По најавите за заштита на еврото, тоа бележи раст на берзите во Азија, покажуваат извештаите.

XS
SM
MD
LG