Достапни линкови

Карзаи во посета на Вашингтон


Претседателот на Авганистан, Хамид Карзаи, престојува во четиридневна посета на Вашингтон. Предвидено е Карзаи да се сретне со претседателот на Соединетите држави Барак Обама, со државниот секретар Хилари Клинтон и со секретарот за одбрана Роберт Гејтс. Ова е прва посета на Карзаи на некоја западна земја по неговите изјави со критики упатени кон западните сили дека организирале измама на изборите во Авганистан минатата година, коментари кои го налутија Вашингтон. Портпаролот на Карзаи, посетата на САД, ја опиша како исклучително важна.
XS
SM
MD
LG