Достапни линкови

logo-print

Курдите заеднички преговараат за места во ирачката влада


Курдските партии одлучија заеднички да преговараат за места во ирачката влада, која допрва треба да се формира по изборите кои се одржаа на 7 Март . Курдскиот регионален претседател Масуд Барзани изјавил дека Курдите се подготвени да учествуваат во сите преговори со сите ирачките партии со цел да се стави крај на кризата во Ирак и да се забрза формирањето на новата влада .Курдските партии освоија 59 места во 325-члениот ирачки парламентот. Вчера ирачката изборна комисија соопшти дека резултатите од парламентарни избори одржани во 17 провинции во земјата се испратени на ратификација во Врховниот суд. Багдад е исклучок, бидејки во тек е пребројување на ливчињата од гласачките места во градот.
XS
SM
MD
LG