Достапни линкови

Рудари заробени по експлозија во рудник во Русија


Повеќе од 80 луѓе се уште се заробени под земја , по експлозиите во еден од најголемите рудници за јаглен во Русија. Спасувачките екипи биле спречени да одат во рудникот кој се наоѓа на околу 3.000 километри источно од Москва, поради висока концентрација на метан и стравувањата од нови експлозии. Властите велат дека екипите за итни случаи се обидуваат со пумпа да го извадат големото количество на метан од рудникот. Најмалку 12 рудари загинаа во две експлозии, а официјалните лица велат дека 83 луѓе, од кои 64 рудари и 19 спасувачи, остануваат заробени под земја. Околу 300 работници успеале да избегаат од рудникот по експлозиите.
XS
SM
MD
LG