Достапни линкови

Јарослав Качински:несреќата ќе доведе до позитивни промени меѓу Русија и Полска


Братот близнак на загинатиот полски претседател Лех Качински изјави дека се надева дека авионска несреќа во Русија во која загина брат му и уште многу истакната полјаци ќе доведе до позитивни промени во односите меѓу Полска и Русија. Јарослав Качински, ова го соопшти преку видео порака која е дел од неговата претседателската кампања. Привремениот шеф на државата, Бронислав Коморовски вчера го посети местото на несреќата во која загина Лех Качински во близина на западниот рускиот град Смоленск, а исто така го посети Катин каде илјадници полски офицери биле убиени од страна на Советски сили за време на Втората светска војна.
XS
SM
MD
LG