Достапни линкови

logo-print

Коалицијата на Меркел изгуби на регионалните избори во Германија


Владеачката коалиција во Германија на чело со канцеларот Ангела Меркел денеска доживеа пораз на регионалните избори кои се одржаа во северниот дел на земјата, покажуваат прелиминарните резултати од гласањето. Со освоени 34 проценти од гласовите, коалицијата не го освои потребното мнозинство, јавија германските телевизии „ЗДФ“ и „АРД“. Денешните избори се сметаат за референдум за работата на владата на Меркел. Изборите се одржаа само неколку дена по владиното одобрувањето на видно непопуларниот пакет помош за спас на грчката економија.
XS
SM
MD
LG