Достапни линкови

Четворица војници обезглавени во Авганистан


Милитанти обезглавиле четворица авганистански официри вчера, соопштија денеска од авганистанската армија. Шефот на Авганистанската национална армија, Мајор Саиндуин Шарифи рече дека четворица припадници на војската биле егзекуирани а еден и понатаму се води како исчезнат. Жртвите биле членови на специјална единица задолжена за одржување на безбедноста во селата во западниот дел на Авганистан.
XS
SM
MD
LG