Достапни линкови

logo-print

Уапсени учесници на илегален концерт


Осумдесетмина млади мажи и жени биле уапсени денеска во Иран поради тоа што присуствувале на илегален концерт. Иранскиот јавен обвинител Абас Јафари Долатадаби изјави дека уапсените „уживале во сладострасни задоволства“. Новинската агенција ИСНА јави дека полицијата ги притворила учесниците на концертот поради тоа што биле несоодветно облечени и пиеле алкохол. Таканаречената морална полиција во Иран е задолжена да казнува однесувања кои не се во согласност со исламските принципи. Модерната музика и модерните облеки во исламската република се сметаат за иморални.
XS
SM
MD
LG