Достапни линкови

Затворски казни за ирански новинар и студент


Властите во Иран осудија новинар и студент на затворски казни поради учество на ланските протести кои избија по претседателските избори. Како што јави новинската агенција ИСНА, новинарот Хегамеш Шахиди добил шест години затворска казна поради водење пропаганда против режимот. Реформистичката интернет страница Адварњуз, пак, јави дека студентот Абдолах Момени е осуден на четири години затвор поради тоа што учествувал на илегални собири. Илјадници луѓе беа уапсени лани во протестите по претседателските избори на кои Махмуд Ахмадинеџад доби уште еден претседателски мандат.
XS
SM
MD
LG