Достапни линкови

logo-print

Облакот вулканска пепел се намалува


Очекуваме дека облакот вулканска пепел од Исланд ќе се намали, со што ќе им се овозможи на повеќето затворени аеродроми во Европа да продолжат со работа, соопштија од Еуроконтрол денеска. Во соопштението на агенцијата се додава дека за денеска се закажани 500 летови од европскиот континент, што е вообичаено за недела, но облакот вулканска пепел и понатаму значајно влијае на воздушниот сообраќај. Летови се откажани од Франција, Италија и Португалија а трансатланските летови каснат поради тоа што го заобиколуваат облакот. Минатиот месец пепелта од исландскиот вулкан го сопре авиосообраќајот пет дена.
XS
SM
MD
LG